Турскиот претседател Ердоган односите на БиХ и Туркије ги оцени како одлични и рече дека покрај политичките, економските, воените, историските и културните врски го сочинуваат темелот на вкупните односи.     Фото: АА

Претседателот на Република Туркије Реџеп Таип Ердоган во Сараево најави дека во наредниот период ќе биде отворена можност за патување само со лични карти помеѓу Туркије и Босна и Херцеговина (БиХ).

На заедничката прес-конференција, по состанокот со членовите на Претседателството на БиХ, Ердоган потсети дека оваа посета се реализира во годината кога се одбележуваат 30 години од воспоставување дипломатски односи на двете земји, што, како што изјави, на посетата и дава една посебна историска нота.

Унапредување на односите

Ердоган односите на БиХ и Туркије ги оцени како одлични и рече дека покрај политичките, економските, воените, историските и културните врски го сочинуваат темелот на вкупните односи.

„Во текот на состанокот со соговорниците ги разгледавме идните чекори кон унапредување на нашите односи“, рече Ердоган.

„За изборниот закон треба да одлучат лидерите на БиХ“

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со можно наметнување на одлуката за измена на Изборниот закон, Ердоган рече дека тоа е прашање за кое треба да одлучуваат босанско-херцеговските лидери.

„Интервенцијата на високиот претставник во оваа смисла е во спротивност со демократските начела. До изборите останаа околу месец дена и интервенција на високиот претставник во таа смисла би претставувала интервенција кон демократскиот процес. Интервенцијата спротивна на демократскиот процес во земјата која е насочена на демократски принцип ние никогаш не можеме да ја сметаме за исправна“, рече Ердоган и додаде дека кон изборниот процес треба да се движат во согласност со изборното законодавство.

Поддршка за стабилноста на БиХ

Ердоган ја повтори поддршката за стабилноста и просперитетот на БиХ.

„Ја нагласувам важноста и поддршката која Туркије ја придава на мирот, благосостојбата и стабилноста на Босна и Херцеговина, како и нејзиниот територијален интегритет и суверенитет“, рече Ердоган.

Босна и Херцеговина, како што потсети Ердоган, во наредниот период ја очекуваат избори чија транспарентност и спроведување во конструктивна и праведна атмосфера имаат животна важност „не само за БиХ туку за целиот наш регион“.

Ердоган ја повтори спремноста на Туркије, со согласност на политичките страни, да направи сѐ за да потешкотиите во БиХ бидат надминати.

Зголемување на трговската размена

Турскиот претседател на нагласи важноста на зголемувањето на обемот на трговската размена и инвестициите, како и значењето што го придава на проектот за изградба на автопатот помеѓу Сараево и Белград, чии темели се поставени во 2019 година.

Истакнувајќи дека му биле предочени проблеми од финансиска природа во врска со изградбата на автопатот, Ердоган рече дека му дал налог на директорот на „Зираат банка“ со цел решавање на ова прашање.

Ердоган рече дека ова е проект на мирот кој не ги поврзува само државите туку и народите кои живеат во регионот.

Ердоган изрази уверување дека неговата денешна посета со делегацијата претставува дополнителен стимул за спомнатиот проект.

Тензии со Грција

Ердоган го повтори предупредувањето до Грција, велејќи: „Одеднаш, можеме да дојдеме преку ноќ“.

„Тие имаат острови, има бази на овие острови... и ако продолжат овие нелегитимни закани против нас, има крај на нашето трпение“, изјави Ердоган.

Турскиот претседател Ердоган заблагодари на гостопримството укажано кон него, сопругата и делегацијата на Туркије денес во Сараево.

По Сараево, турскиот претседател патува во Белград, каде ќе се состане со српскиот претседател Александар Вучиќ. Последна станица на регионалната турнеја ќе биде Хрватска. Ердоган во четврток во Загреб ќе одржи состаноци со претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ и со премиерот Андреј Пленковиќ. Претседателот на Туркије ќе отвори и исламскиот културен центар во Сисак, кој е изграден со поддршка на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА). Предвиден е и бизнис форум во Хрватска.

TRT Balkan / агенции
Популарни