Според црногорскиот претседател Милатовиќ, со Ердоган разговарале за зајакнување на соработката во областа на здравството, транспортот, а тој се надева дека следната година ќе потпишат договор за стратешко партнерство / Photo: AA

Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, денеска по средбата со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ во Анкара изјави дека Туркије продолжува да ја поддржува стабилноста на Балканот, што претставува мозаик на културна и верска различност.

„Туркије и Црна Гора формираат меѓудржавен совет за стратешка соработка“, рече Ердоган.

Тој истакна дека Црна Гора претставува пример за верска и културна различност и толеранција.

Милатовиќ истакна дека Туркије е важен НАТО сојузник и партнер на Црна Гора.

“Високо ја цениме конструктивната улога што Туркије ја игра на Балканот и придонесот што Туркије го дава за стабилноста и просперитетот на целиот наш регион”, изјави Милатовиќ.

По средбата на прес-конференцијата, тој изрази задоволство што денеска престојува во Анкара, наведувајќи дека тоа што двете земји годинава слават 145 години дипломатски односи носи посебна симболика, која ја оцени како односи меѓу две пријателски земји.

Суштинската соработка во областа на одбраната и воената индустрија дополнително ќе се зајакне со отворањето на канцеларијата на турскиот амбасадор во Црна Гора.

Зборувајќи за квалитетна економска соработка која има потенцијал за понатамошен развој, Милатовиќ меѓу другото истакна дека од година во година се зголемува бројот на туристи од Туркије кои ја посетуваат Црна Гора. Додавајќи дека сака да поттикне поголеми инвестиции, особено на северот на Црна Гора, каде што има огромни потенцијали.

Според Милатовиќ, со Ердоган разговарал за зајакнување на соработката во областа на здравството, транспортот и образованието и изразил надеж дека следната година ќе потпишат договор за стратешко партнерство.

Тој истакна дека црногорската иселеничка заедница претставува важна врска меѓу двете земји. Милатовиќ го покани претседателот на Туркије Ердоган да ја посети Црна Гора.

TRT Balkan / агенции
Популарни