Ердоган: Туркије е за зачувување на мирот и стабилноста на Балканот / Photo: AA

Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган се обрати пред медиумите по состанокот на Кабинетот.

Зборувајќи за неодамнешната работна посета од страна на претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина Денис Беќировиќ на Туркије, претседателот Ердоган истакна дека посетата била многу продуктивна.

„Гледаме дека главниот ум што го претвори Блискиот Исток во крваво езеро, последните месеци сака да предизвика неволји и на Балканот“, посочи Ердоган осврнувајќи се на ситуацијата на Балканот и додаде дека како Туркије, тие се за зачувување на мирот и стабилноста на Балканот, особено во Босна и Херцеговина.

За залагањата на Туркије на светската сцена и борбата за правата на угнетените, претседателот Ердоган истакна:

„Денес Туркије на глобалната платформа стана глас на сите угнетени луѓе кои се борат за слобода, правда, права и еднаквост.“

Турскиот претседател посочи дека денешните залагањата за Палестина и Либан значат залагање за хуманоста, мирот и култура на соживот меѓу различните верувања. Тој истакна дека меѓународната заедница не треба повеќе да молчи пред израелското разбојништво кое го запали целиот регион.

„Ја повикуваме меѓународната заедница и исламскиот свет да дејствуваат заради мирот на сите во нашиот регион, вклучувајќи ги муслиманите, eвреите и христијаните“, истакна Ердоган во своето обраќање.

Турскиот претседател истовремено упати апел до Генералното собрание на ОН веднаш да препорача употреба на сила во Газа, слично на резолуцијата „Обединети за мир“ од 1950 година.

AA
Популарни