Неодамнешните чекори за нормализирање на врските на Туркије со Израел нема да ја ослабнат нашата поддршката за Палестина, истакна турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.     Фото: АА

Неодамнешните чекори за нормализирање на врските на Туркије со Израел нема да ја ослабнат нашата поддршката за Палестина, истакна турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Преземените чекори во нашите односи со Израел на никаков начин нема да ја намалат нашата поддршка за палестинската кауза“, рече Ердоган на заедничката прес-конференција во главниот град Анкара со неговиот палестински колега Махмуд Абас.

Тридневната посета на Абас доаѓа во момент кога Туркије и Израел преземаат чекори за нормализација на односите, вклучувајќи ја минатонеделната одлука за обновување на дипломатските односи и именување амбасадори и генерални конзули по четиригодишната пауза.

Ердоган рече дека Турција ја продолжува својата долгогодишна солидарност со Палестина на „најсилен начин“.

„Туркије, која ја призна палестинската држава од моментот кога е прогласена, ја брани својата визија на решение со две држави на секоја платформа“, рече Ердоган.

Според него, Туркије ги отфрла сите акции кои имаат за цел промена на статусот на Кудс (Ерусалим), џамијата Ал-Акса.
„Тоа им го пренесовме на нашите израелски колеги“, додаде турскиот претседател.

Ердоган рече и дека Палестина ги поддржува напорите Туркије да ги нормализира односите со Израел со оглед дека тој дијалог ќе даде подобра можност за одбрана на палестинското прашање.

Турскиот претседател Ердоган рече дека Туркије има цел и понатаму да ги јакне врските со Палестина, како и дека сака развој на Палестина бидејќи „Палестина секогаш има посебно место во срцето на Туркије“.

„Уште еднаш подвлекувам дека воспоставување независна палестинска држава со Кудс како главен град врз основа на границите од 1967 година и параметрите на Обединетите нации се од суштинско значење за мирот и стабилноста на целиот наш регион“, рече Ердоган.

Палестинскиот претседател Абас му се заблагодари на турскиот колега Ердоган на поддршката за Палестина и јасниот став.

Абас рече дека бараат полноправно членство во Обединетите нации, како и земјите кои веруваат во решение на две држави да ја признаат Палестина.

AA
Популарни