Ескобар: САД се уште ја гледаат Приштина како партнер / Photo: AA

Заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар денеска изјави дека САД имаат проблем во комуникацијата со косовскиот премиер Албин Курти, исто како и Европската унија, НАТО, Велика Британија, и многу други како Албанија и Северна Македонија.

Ескобар ова го изјави на онлајн прес-конференција на прашањето дали САД сè уште ја гледаат Приштина како партнер.

„Партнерството меѓу САД и народот на Косово не зависи од еден човек или партија, но ние имаме проблем во комуникацијата со Курти. Имавме, уживавме во многу, многу блиско партнерство со Косово во минатото. Многу би сакале да видиме дека тој однос се враќа на она што беше порано“, рече Ескобар.

На прашањето за Заедницата на српските општини, Ескобар рече дека Приштина никогаш не кажала дали го прифаќа предлогот за статут на Заедницата на српски општини предложен од Европската унија и дека на САД им е тешко да разберат зошто не го прават тоа.

„Сакам да повторам, заедницата на српски општини не би била друга Република Српска. Тоа не би била држава во држава. Во статут кој дозволува извршна власт, или што било што може да создаде уставни или функционални прашања за Косово. Тоа е едноставно можност за општините со српско мнозинство, да го координираат обезбедувањето општински услуги на српски јазик за граѓаните на Косово. Тоа е тоа. И тоа е правно обврзувачка обврска“, рече Ескобар.

Популарни