ЕУ ја повтори поддршката на европската перспектива на Западен Балкан / Photo: AA

Лидерите на Европската унија (ЕУ) ја повторија поддршката на Брисел за европските перспективи на земјите од Западен Балкан, како и Украина и Молдавија.

По повод 20-годишнината од потпишувањето на Солунската декларација на ЕУ во Атина се одржува состанок на политичките челници на ЕУ и регионот.

Лидерите се собраа и на свечената вечера организирана од домаќинот на средбата, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, а им се придружија и украинскиот претседател Володимир Зеленски и молдавската претседателка Маја Санду.

Делегацијата на ЕУ ја предводеа шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лејен и челникот на Европскиот совет Шарл Мишел. Мшел на социјалната мрежа Х, порано позната како Твитер, соопшти дека разговорите со Зеленски и Санду беа многу конструктивни и корисни.

„Западен Балкан, Украина и Молдавија имаат заедничко европско наследство, историја и иднина. Проширувањето останува главен приоритет на ЕУ, моќно средство за промовирање на мирот, безбедноста и просперитетот на нашиот континент. Одиме напред за да оваа европска визија ја направиме реалност. Мораме да најдеме пат кон напред“, порача Мишел.

Фон дер Лејен порача дека е нужно ЕУ побрзо кон себеси да ги приближи пријателите кои се кандидати за членство во таа организација.

„Мораме побрзо, многу поблиску до нас да ги приближиме нашите пријатели кои се кандидати за членство во ЕУ. Задоволна сум што сум во Атина за да разговараме за европската перспектива на нашите соседи и партнери од Источен и Западен Балкан. Ќе продолжиме да ги отстрануваме бариерите меѓу нашите региони“, рече таа.

Фон дер Лајен во рамки на собирот во Атина оствари билатерални средби, а одделно се сретна и со косовскиот премиер Албин Курти и со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Таа соопшти дека разговарале за прашањата околу намалување на тензиите на северот на Косово, враќањето на олеснувањето на дијалогот на ЕУ и спроведување на договорот за нормализација на односите.

Шесте земји на Западен Балкан идентификувани се како земји „потенцијални кандидати“ на Самитот на лидери на ЕУ одржан во Солун во 2003 година.

TRT Balkan / агенции
Популарни