Европската Унија (ЕУ) премина во акција за проширување на соработката со Босна и Херцеговина, Србија, Албанија и Црна Гора, со кои „Фронтекс“, Агенцијата за заштита на границите на ЕУ, соработува за прашањето за миграции.
Европскиот совет ја овласти Комисијата на ЕУ да започне преговори за зголемување на соработката со четирите балкански земји.
Во изјавата што ја даде Советот се вели „Имиграциските тестови на балканската рута не започнуваат на границите на ЕУ. Соработката со нашите партнери, вклучувајќи го и испраќањето на персоналот на „Фронтекс“, е многу важно прашање во однос на раното откривање и спречување на нерегуларните миграциски движења.“
Не се дадени детали во врска со посакуваната соработка меѓу ЕУ и четирите балкански земји. Во соопштението на Советот се наведува дека со договорите кои треба да се постигнат преку преговори, „Фронтекс“ може да им помогне на овие земји да управуваат со миграциските текови, да се борат против илегалната имиграција и да спречуваат прекугранични кривични дела.
Покрај тоа, новите договори ќе им овозможат на службениците на „Фронтекс“ да ги извршуваат своите административни овластувања, како што се гранични контроли и водење евиденција на поединци.
ЕУ претходно, во рамките на „Фронтекс“, постигна договори со Албанија, Црна Гора и Србија, но овие договори го вклучуваа „Фронтекс“ само во спроведувањето заеднички операции и распоредувањето тимови во земјите кои граничат со ЕУ.
Преговори за сличен договор се направени и со Босна и Херцеговина, но тој не беше потпишан.