Рускиот и српскиот министер за надворешни работи потпишаа документ наречен „план на консултации.     Фото: TRT Balkan

Европската Унија (ЕУ) ја осуди одлуката на Србија да одржи надворешнополитички консултации со Русија, наведувајќи дека тоа предизвикало проблеми во моментот кога Брисел им порачал на земјите кои сакаат да му се придружат на блокот да не продолжуваат со вообичаените активности со Москва.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот српски колега Никола Селаковиќ потпишаа во петокот документ наречен „план на консултации“.

Селаковиќ рече дека планот предвидува консултации за билатерални и мултилатерални активности, но дека во него нема ништо за безбедносната политика. Српските опозициски партии го критикуваа документот.

Србија, која НАТО ја бомбардираше пред две децении - а сега сака да и се приклучи на ЕУ - долго се бори да ги урамнотежи историските блиски врски со Русија и тежнеењето за економска и политичка интеграција со Западот.

Обраќајќи се пред новинарите во текот на вчерашниот ден, Петер Стано, гласноговорникот на извршната комисија на ЕУ, рече дека новиот руско-српски консултативен документ е потпишан само неколку дена откако Москва објави мобилизација за војната во Украина и почна да се гласа за анексија на територијата која е под контрола на Русија.

Договорот на Србија и Русија беше „многу јасен знак на нивната намера да ги зајакнат своите врски“, рече Стано.

„А тоа отвора сериозни прашања“, рече тој.

Според Стано, Европската Унија беше многу јасна со земји кои сакаа да се приклучат - односите со Русија во моменталните околности не можат да бидат вообичаени.

„Србија приклучувањето кон ЕУ го прогласи за стратешки приоритет, што подразбира „усогласување со европските политики, вклучувајќи ги и надворешнотрговските прашања“, додаде Стано.

FENA
Популарни