Платформата на утрешните средби е за неодамнешната посета на Лајчак на Белград и Приштина / Photo: AA

Портпаролот на Европската унија Петер Стано денеска изјави дека Европската унија очекува Белград и Приштина веднаш и безусловно повторно да се вклучат во дијалогот, да почнат да работат на деескалација и веднаш и безусловно да се вратат на исполнување на обврските кои произлегуваат од дијалогот.

Тој на прес-конференцијата повтори дека утре во Брисел нема да има дијалог на високо ниво меѓу Белград и Приштина, туку одвоени средби меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, со избрани европските лидери.

Стано потврди дека на утрешниот самит на Европскиот совет ќе се разговара за дијалогот, како што беше случај на сите претходни самити, бидејќи дијалогот, посочи, е многу важно прашање за ЕУ.

„Платформата на утрешните средби е за неодамнешната посета на специјалниот пратеник Лајчак на Белград и Приштина во изминатиот викенд, заедно со пратениците и советниците на Италија, Франција, Германија и специјалниот пратеник на САД. Лидерите на Белград и Приштина, претседателот Вучиќ и Албин Курти, беа поканети во Брисел на одвоени разговори со европските лидери, сега нема да навлегувам во логистичките детали, подоцна ќе ги објавиме, но идејата е овие средби да се одржат на маргините на самитот на Европскиот совет во знак на поддршка за враќање на дијалогот, бидејќи тоа е главната порака на Европската унија“, рече Стано.

TRT Balkan / агенции
Популарни