Европскиот парламент го одобри вклучувањето на Хрватска во европската безвизна зона Шенген.

Европскиот парламент го одобри вклучувањето на Хрватска во европската безвизна зона Шенген. Извештајот подготвен од страна на Европскиот парламент за ова прашање беше прифатен со 534 гласа „ЗА“ и 53 гласа „ПРОТИВ“. Со ова, Европскиот парламент практично го одобри укинувањето на контролите на внатрешните граници меѓу земјите од Шенген-зоната и Хрватска.

Европскиот совет на 9 декември 2021 година одлучи дека Хрватска ги исполнува потребните услови за членство во Шенген. Во извештајот усвоен денеска, Собранието го повика Европскиот совет да го продолжи процесот и да донесе конечна одлука за укинување на граничните контроли.

Конечната одлука за ова прашање мора да ја донесе едногласно Советот на ЕУ, кој е составен од земјите членки на ЕУ.

Во моментов, во Шенген-зоната има 26 земји. Тука, покрај земјите членки на ЕУ, со исклучок на Бугарија, Хрватска, Администрацијата на кипарските Грци, Ирска и Романија, спаѓаат и Норвешка, Исланд, Швајцарија и Лихтенштајн кои не се членки на ЕУ. Безвизно патување e можно меѓу земјите на Шенген-зоната.

Европскиот парламент го поддржа и пристапувањето на Бугарија и Романија во Шенген-зоната.

AA
Популарни