Агенцијата „Фич“, во својата најнова вонредна проценка, го подигна кредитниот рејтинг на Хрватска за едно ниво на „БББ+“ по завршувањето на процедурата за влез во еврозоната.
Имено, редовниот преглед на рејтингот од Фич е закажан за 28 ноември, но поради важноста на потврдата за влезот на Хрватска во еврозоната, оценија дека станува збор за ситуација со значителни материјални промени и затоа одлучија вонредно да го подигнат рејтингот.
Новото зголемување на кредитниот рејтинг на Фич е директна последица на конечната одлука на Советот за економски и финансиски прашања од 12 јули за прием на Хрватска во еврозоната на почетокот на следната година.
„Фич“ смета дека „усвојувањето на еврото е позитивно за рејтингот бидејќи ќе и обезбеди на Хрватска статус на резервна валута, ќе ги намали трансакциските трошоци и ќе го ограничи валутниот ризик за финансиите на компаниите и домаќинствата“.
Во моментов, според Фич, седум членки на ЕУ имаат понизок рејтинг од Хрватска, меѓу кои и Италија и Португалија.