Фидан: Геноцидот во Сребеница - црна дамка во историјата на човештвото / Photo: AA

Шефот на турската дипломатија Фидан порача дека 11 јули секоја година во Република Туркије ќе биде одбележуван како Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница Министерот за надворешни работи на Република Туркије Хакан Фидан оддаде почит на жртвите на геноцидот во Сребреница и порача дека тоа свирепо злосторство не смее да се заборави.

Во Меморијалниот центар Сребреница-Поточари денес се одбележуваат 29 години од геноцидот во Сребреница врз Бошеаците на Сребреница, а ќе се одржи и колективен погреб при што ќе бидат погребани посмртни остатоци на 14 жртви од геноцидот извршен во летото 1995 година.

„Пред 29 години, пред очите на светот, народ беше масакриран среде Европа. Геноцидот во Сребреница останува во нашите сеќавања како црна дамка во историјата на човештвото“, изјави Фидан во пораката на социјалната мрежа Х..

Велејќи дека геноцидот не смее и нема да се заборави, шефот на турската дипломатија Фидан изјави дека 11 јули секоја година во Република Туркије ќе се одбележува како Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.

„Со милост се сеќаваме на нашите браќа и сестри маченици, а на нивните семејства им изразувам сочувство и трпение“, рече Фидан.

AA
Популарни