Заедничка прес-конференција на  министрите за надворешни работи на Косово и Црна Гора, Доника Гервала-Шварц и Ранко Кривокапиќ:     Фото: АА
Односите на Црна Гора и Косово се одлични, двете држави од првиот ден искажаа поддршка на Украина и ја осудија агресијата на Русија и за двете земји нема алтернатива на европскиот пат, оценето е на состанокот на министрите за надворешни работи на Црна Гора и Косово, Ранко Кривокапиќ и Доника Гервала-Шварц.


Гервала Шварц денес во Подгорица престојува во официјална посета на Црна Гора. По состанокот со Кривокапиќ, истакна дека Црна Гора и Косово веќе првиот ден искажале поддршка на Украина и ја осудиле агресијата на Русија.


„Многу рано се определивме која страна ја поддржуваме. Нашата соработка е извонредна, не само на билатерално ниво, туку и во рамките на меѓународните и регионалните иницијативи“, рече Гервала-Шварц.

Таа истакна дека двете држави немаат алтернативна за европскиот пат, додавајќи дека се решителни да продолжат да соработуваат, координирано во регионален контекст, а кој Косово го гледа во рамките на отворен заеднички пазар.

„Кога станува збор за заедничкит пат кон ЕУ, нам ни се јасни овие експерименти. Ние не сакаме да бидеме дел од експеримент кој ќе биде отежнувачка околност на патот кон ЕУ. Одлучни сме да се придржуваме до јасен европски пат“, порача потпретседателката на Владата на Косово.

Говорејќи за билатералните односи на Црна Гора и Косово, црногорскиот шеф на дипломатијата Ранко Кривокапиќ рече дека Црна Гора не е само сосед, туку е и пријател на Косово.

AA
Популарни