Словенечкиот регион Крас во средата беше зафатен од голем шумски пожар, кој на крајот на денот беше ставен под контрола.
Словенечкиот министер за одбрана Марјан Шарец во средата потврди дека на терен има 1.000 пожарникари, а жителите од околните села се евакуирани.
Словенечкиот премиер Роберт Голоб за државната телевизија изјави дека пожарот се проширил на 1.000 хектари шумa. Тој рече дека пожарот е ставен под контрола и дека не зафатил ниту една куќа.
Словенечките пожарникари во четвртокот продолжија со гаснењето на пожарот на две изолирани локации, а поголем дел од жителите кои во средата превентивно беа евакуирани се вратија во своите домови.
Пожарот од италијанска страна се проширил кон словенечкиот регион Крас. Во гаснењето на пожарот учествувале и пожарникари од соседна Хрватска.