Во рамките на програмата во Хрватската стопанска комора потпишан е Меморандум за соработка помеѓу ХГК и партнерските стопански комори од Северна Македонија.     Фото: АА

Хрватска и Северна Македонија имаат одлични политички односи кои треба да се искористат за јакнење на економската соработка. Ова е еден од заклучоците на економскиот форум кој се организира во Хрватската стопанска комора (ХГК) каде се сретнаа 40 хрватски и 20 стопанственици од Северна Македонија на чело со водечките луѓе од двете стопански комори. Освен отворените дискусии за подобрување на трговската соработка меѓу двете земји, беа потпишани и меморандуми за јакнење на соработката помеѓу Загреб и Скопје.

Во рамките на програмата во Хрватската стопанска комора потпишан е Меморандум за соработка помеѓу ХГК и партнерските стопански комори од Северна Македонија.

Претседателот на ХГК Лука Буриловиќ истакна дека економската размена помеѓу двете држави на годишно ниво континуирано се движи помеѓу 200 и 250 милиони евра и додаде дека овогодишната размена, во првите шест месеци од 2022 година, зголемена за 30 отсто во однос на 246 милиони евра размена остварена во 2021 година.

„Имаме многу добри и доверливи партнери во компаниите во Северна Македонија, сакаме да бидеме пријатели на нашите колеги стопанственици во Северна Македонија на нивниот пат во Европската унија, со оглед дека ние како членка на ЕУ, наскоро и на Еврозоната и Шенгенот, имаме искуство со преговорите“, порача Буриловиќ.

Буриловиќ оцени дека двете стопанства имаат можност да ја јакнат трговската размена на подрачјата на земјоделско-прехранбената индустрија, енергетиката, сообраќајот, туризмот и фармацевтската индустрија.

„Северна Македонија е пријателска земја која успешно отвори преговори со ЕУ ова лето. Се најдовме повторно во светската и европската криза предизвикана со оваа војна во која сите во рамките на своите држави со одговорите на енергетската криза. Тоа се големи предизвици и за Северна Македонија и за членството во ЕУ им е добредојдено, при што Хрватска на тој пат ќе им помогне“, рече министерот за сообраќај, мориња и инфраструктура Олег Бутковиќ.

Економскиот форум е можност за размена на искуства, Хрватска има успешни стопанственици присутни во Северна Македонија, рече Бутковиќ и додаде дека очекува потпишувањето на меморандумите дополнително ќе ја подобри соработката во одредени подрачја.

Бутковиќ најави попишување на договорот за меѓусебно прифаќање данокот на додадена вредност, каков што Хрватска има со државите на ЕУ, за да додатно им се олесни на стопанствениците во работењето на двете држави.

Битиќи: Добрите односи да се прошират и на економската соработка

Вицепремиерот во Владата на Северна Македонија задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, истакна дека економскиот форум е резултат на добрата соработка помеѓу двете земји.

„Добрите односи и соработката не почиваат само на добрите односи на двете влади, туку треба да се прошират и на полето на економската соработка. Кризата треба да се сфати како можност за нов почеток и забрзано јакнење на соработката кон следен степен, кој би значел регионална конкурентност. Себеси се гледаме како дел од југоисоткот на Европа и ЕУ во блиска иднина, кога со Хрватска ќе станеме дел од заедничкиот економски пазар“, изјави Битиќи.

За време на Економскиот форум Хрватска-Северна Македонија ќе се одржат дебати за можностите за економска соработка и улога на стопанските комори во поврзувањето на стопанствениците како и соработка во подрачје на странските инвестиции, енергетиката и инфраструктурата.

Последниот дел од настанот предвиден е за билатерални средби на претставниците на 60 хрватски и македонски компании и организации.

AA
Популарни