Министерството за одбрана на Хрватска ќе набави оружје, муниција и опрема во вредност од 3,8 милијарди евра во периодот 2021-2026 година.

Министерството за одбрана на Хрватска ќе набави оружје, муниција и опрема во вредност од 3,8 милијарди евра во периодот 2021-2026 година. Ова го покажуваат податоците кои хрватското Министерство за одбрана ги проследи до хрватскиот весник „Јутарњи лист“. Според објавените информации, помал дел од тоа, во износ од околу 223 милиони евра, се донации за воена помош од Соединетите Американски Држави и Европската Унија.

Станува збор за најголемото издвојување за вооружување и опремување на војската од војните на просторите на поранешна Југославија во текот на 90-тите. Со оглед на количината и разновидноста на договорените и планираните набавки, може да се каже дека никогаш не се купувало повеќе вооружување и опрема како во овие пет години.

Како што се наведува, во периодот од 2000 до 2020 година, набавката на нови воени системи беше „повеќе инцидент отколку практика“.

Купени се 126 оклопни возила „Патрија“ за 180 милиони евра, 39 воени камиони за 4,5 милиони евра, 27 употребувани германски камиони за 200.000 евра, 16 употребувани самоодни хаубици PzH2000 за околу 430 милиони евра, 7 се ремонтирани и 5 употребувани МиГ-ови за околу 18,5 милиони евра. САД на Хрватска и донираа 212 возила МРАП, како дел од сукцесијата, од Русија се набавени 10 нови транспортни хеликоптери МИ 171Ш, а склучен е и договор за изградба на 5 крајбрежни бродови, кој се уште не е реализиран. И тоа за 20 години беше се од набавка на големи воени системи.

„Поради повеќегодишното невложување во набавката во модерните воени системи, војската е доведена до работ на техничката отпорност. Тој факт, но и промената на глобалните околности доведе до тоа во Владата војската повеќе да не се смета за трошок, туку за потреба, а на војните командири им е порачано да кажат што им треба и не размислуваат колкава е цената“, се наведува во објавената вест.

TRT Balkan / агенции
Популарни