Хрватска: Низа мерки за останување на младите во земјата / Photo: AA

Во хрватскиот Сабор се одржа свечена седница на Младинскиот совет и беше отворена Третата годишна конференција на Младинскиот совет во Република Хрватска, на која свое обраќање имаше премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ.

Премиерот Андреј Пленковиќ во своето обраќање пред собраните во хрватскиот Сабор истакна дека земјотресите, пандемијата, климатските промени и последиците од руската агресија врз Украина се надворешни фактори кои влијаат на економската состојба во земјата и дека можно е да има мало влијание, но дека со влезот во Шенген и еврозоната се постигнати две важни стратешки цели кои го подобруваат животот и на младите и на целото население.

Декарбонизација и транзиција кон обновливи извори на енергија, дигитална трансформација, која игра клучна улога за иднината на работните места, и нови вештини од ИТ секторот, потоа прашањето за демографска ревитализација, која е фокусирана на семејството, ова се три клучни прашања за развој на државата и опстанок на младите, рече тој е Пленковиќ.

Пленковиќ го наведе фактот дека во Хрватска во 1950 година се родени 95.000 бебиња, додека сега се раѓаат околу 34.000, оценувајќи дека наталитетот е долгорочен проблем. Тој наведе и статистика дека во 2016 година стапката на невработеност кај младите била 34,4, додека денес е 13,7 отсто, што е нешто повеќе од два отсто повеќе од просекот на ЕУ.

„Образованието е клучот за напредокот на секое општество, ќе напоменам дека во последните 6,5 години обезбедивме 15.500 стручни стипендии, 75.000 социоекономски стипендии и STEM студентски стипендии, кои се зголемени од 159 на 200, односно 300 евра“, изјави Пленковиќ. Тој укажа и на низата потези на својата влада во два мандати кои за цел имаат подобри услови за студентите и образованието на младите.

Тој, исто така, нагласи дека мерката за самовработување ја искористиле над 10.000 млади луѓе, при што користеле стимулации за започнување на самовработувања кои изнесуваат 125.000 куни (16.600 евра).

Претседателот на Младинскиот совет на Република Хрватска, Јосип Јагодар, истакна дека целта на оваа конференција е подобро да ги поврзе младите од цела Хрватска и заеднички да работат и да се ангажираат за подобрување на нивната позиција во единиците на локалната самоуправа.

Јагодар го истакна загрижувачкиот податок што само 12 проценти од единиците на локалната и регионалната самоуправа имаат формирано Младински совет, кој во својата програма вклучува грижа за менталното здравје на младите, за младите во оддалечените и руралните средини, домувањето и пазарот на трудот, земјоделство, образование и други теми значајни за подобрување на животниот стандард на младите во Хрватска.

Покрај членовите на Младинскиот совет од цела Хрватска, на седницата присуствуваа министри, државни секретари, пратеници и локални претставници.

TRT Balkan / агенции
Популарни