Граѓаните во Хрватска почнувајќи од денеска, 1 декември, можат да го купат почетниот пакет евромонети, кој содржи 33 евромонети со хрватската национална страна, во вредност од 13,28 евра, кои ќе чинат 100 куни. Монетите може да се кушат во банките, Фина (Финансиска агенција) и Хрватската пошта.
На овој начин на граѓаните им е овозможено да набават почетни пакети на евромонети, месец дена пред воведување на еврото како официјално средство за плаќање. Еврото ќе се користи од почетокот на 2023 година.
Од денес граѓаните во една трансакција ќе можат да купат максимално два пакети евромонети. Почетниот пакет содржи 33 евромонети со хрватската национална страна, во сите апоени и вредности.
Во него има три монети од два евра; три монети од едно евро, пет монети од 50 центи, пет монети од 10 центи, три монети од пет центи, четири монети од два центи и пет монети од еден цент.
Граѓаните ќе можат да ги користат овие монети за плаќање во земјата и странство од 1 јануари 2023 година. Имено, монетите од евра и центи со хрватски национални симболи на задната страна ќе станат законско средство за плаќање во Хрватска и во останатиот дел од еврозоната од денот на воведувањето на еврото.
Хрватска пошта забележува дека при купувањето, тие ќе издаваат и продажен сертификат со кој ќе ги информираат клиентите за забраната за употреба на монети од хрватски евра пред 1 јануари 2023 година.
Пакет и за деловните корисници
И деловните субјекти од денес во банките, Фина/или Хрватската пошта ќе можат да го набават почетниот пакет на евромонети.
Почетниот пакет за деловни субјекти содржи монети од 525 евра од сите апоени, во вредност од 145,50 евра, кои ќе чинат 1.096,27 куни.
Гувернерот на Хрватската народна банка (ХНБ), Борис Вујчиќ, во неколку наврати нагласи дека снабдувањето со евра во готовина и непречениот развој на платните трансакции во земјата се клучни сегменти од воведувањето на еврото.
„Замената на на готовината е многу важен настан за секоја земја и нејзиниот монетарен систем. Во моментов ова е секако логистички еден од најкомплексните проекти во Хрватска“, нагласи Вујчиќ во вчерашното соопштение на централната банка.
Како изгледаат хрватските евромонети?
За изгледот на националната страна на монетите од еврото одлучува земјата што го воведува еврото, а во случајот со Хрватска, на националната страна на монетата евро има - географска карта на Република Хрватска за апоен од две евра, графички приказ на мотивот на животното куна за апоен од едно евро, портрет на научникот Никола Тесла за апоен од 50 евра, 20 и 10 центи и буквите ХР напишани на глаголица за апоени од пет, два и еден цент.
Производството на монети од хрватски евра почна во средината на јули во Хрватската ковачница во Света Недела, а до крајот на оваа година е планирано да се коваат околу 420 милиони евра.
Во средината на минатата недела гувернерот Вујчиќ извести дека дотогаш биле исковани 347 милиони парчиња монети или 83 отсто од вкупната количина на монети
„До Божиќ ќе се коваат 420 милиони монети“, истакна Вујчиќ на 23 ноември на седницата на Националниот совет за воведување на еврото.