Владата на Хрватска призна дека договарала измени на Изборниот закон во Босна и Херцеговина (БиХ) со високиот претставник Кристијан Шмит.
„Со високиот претставник Шмит разговаравме со месеци темелно и дискретно. Кога во тој процес се вклучи претседателот и го навреди Шмит, веројатно малку стивна неговиот ентузијазам да ги исправи неправдите кон Хрватите во БиХ“, наведено е од Владата на Република Хрватска.
Соопштението е објавено на твитер-профилот на Владата на Република Хрватска.
„Нашата политика е политика на создавање сојузници, а политиката на немудро, деструктивно и за Хрватите во Босна и Херцеговина, погубно гадење на високиот претставник спроведено од претседателот доведе до тоа сега да треба да апелираме до него и Генералното собрание на ОН да го донесе она што го сакаше“, додаваат од Владата на Република Хрватска.