Европската комисија донесе одлука да мобилизира помош за Македонија и за Бугарија во справувањето со шумските пожари што ги зафатија двете земји, соопшти денеска портпаролот на ЕК за хуманитарна помош и справување со кризи Балаш Ујвари.
„Со активирање на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, во С. Македонија се распоредени четири хеликоптери и три противпожарни авиони од Хрватска, Словенија, Србија и Туркије“, информира Ујвари.
Во Бугарија пак, според Ујвари, се испратени два хеликоптера за гаснење пожари од Чешка.
Вкупно десет воздухоплови во моментов се на располагање за гаснење на пожарите во земјава- трите „Ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), двата турски „Ер -трактори“, еден полициски и два армиски хеликоптери и по еден противпожарен хеликоптер од Туркије и Србија.
Ангелов, најави дека во текот на денешниот ден ќе пристигнат и два хеликоптери од Словенија, еден хеликоптер од Црна Гора и еден авион „канадер“ од Хрватска
Според него, утре ќе имаме плус еден голем хеликоптер МИ-171 на МВР кој беше на сервис
Соседна Србија утринава ги испрати противпожарниот хеликоптер Камов Ка-32 и седумчлениот екипаж од Хеликоптерската единица и на српското МВР кои треба да помогнат во гасењето на пожарите во земјава.
Хеликоптерот има носивост од пет тони вода и за првпат се испраќа надвор од границите на Србија.
Вчера, пак, во земјава пристигнаа хеликоптерот „Блек хок“ и двата „Ер-трактори“ испратени од Турција.