Новата Влада на Србија предводена од премиерката Ана Брнабиќ избрана е синоќа со гласовите на 157 пратеници на Собранието на Србија. Министрите потоа положија заклетва.     Фото: АА

Новата Влада на Србија предводена од премиерката Ана Брнабиќ избрана е синоќа со гласовите на 157 пратеници на Собранието на Србија. Министрите потоа положија заклетва.

На полагањето на заклетвата, меѓу другите, присуствуваа и српскиот претседател Александар Вучиќ и претставници на верските заедници во Србија. Против новата Влада беа 68 пратеници, а на гласањето не присуствуваа 25 пратеници.

Пратениците, за членовите на Владата, нејзината програма и претседателот на Владата се изјаснија со јавно гласање, а гласаа 225 од вкупно 250 пратеници во Собранието на Србија.

Ова е трет мандат на Брнабиќ на чело на Владата, а нејзиниот нов кабинет има 28 министри и се состои од 25 министерства, со три министерства без ресор.

Бранбиќ пред гласањето, во завршното обраќање, рече дека е многу важно Србија во посебно тешки предизвикувачки времиња да има „само и исклучиво просрпска Влада“, која ќе биде влада на континуитетот.

Во пресрет на гласањето на пратениците им порача дека е важно во тешки и предизвикувачки времиња земјата да има влада која во секој момент ќе работи во интерес на Србија и само и исклучиво во интерес на своите граѓани.

Брнабиќ нагласи дека во Владата нема да има дисонантни тонови и дека секој од министрите ќе работи како член на тимот и ќе даде се од себе, не Србија да ги преживее тешките времиња, туку и да продолжи со растот и развојот.

Новата Влада во Србија избрана е по повеќе од шест месеци од одржувањето на општите избори. Тие се одржаа на 3 април оваа година.

TRT Balkan / агенции
Популарни