Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Каја Калас ќе присуствува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел / Photo: AFP

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Каја Калас денеска изјави дека Западен Балкан е исклучително важен регион за ЕУ ​​и посочи дека Европската комисија сака да види вистински напредок во процесот на проширување во следните пет години и е подготвена да работи на тоа.

„Западен Балкан е исклучително важен регион за ЕУ, тој географски ѝ припаѓа на Европа, затоа е многу важно да постигнеме напредок во нашите односи“, изјави Калас на новинарите по пристигнувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел.

Таа додаде дека за време на самитот ќе разговараат за Планот за раст на Западен Балкан, кој го нарече многу добар правен акт.

„Јасно е дека Комсија, заедно со комесарот за проширување и јас, сакаме да видиме вистински напредок во процесот на проширување во овие пет години мандат што го имаме, па затоа сме подготвени да работиме на тоа“, изјави Калас.

Шефицата на европската дипломатија додаде дека вечерта за време на самитот ќе разговараат за хибридните активности на Русија и војната во Украина и што повеќе може да се направи на овој план.

„Гледам дека постои желба за некои навистина кратки и брзи решенија, но ние сме во ситуација дека Русија не сака мир и тоа е проблем. За да го имаме најдоброто решение, треба да ја поддржиме Украина колку што можеме. Колку се посилни на бојното поле, тие се посилни и на преговарачката маса, а тоа е и во интерес на Европа“, рече Калас.

Одговарајќи на прашањето какви гаранции ЕУ може да ѝ даде на Украина, таа посочи дека сите земји-членки потпишале безбедносни гаранции со Украина, „така што прашањето за земјите-членки е какви безбедносни гаранции и даваат на Украина“.

„Она за што можеме да одлучиме и да разговараме на наше ниво е што можеме да направиме заедно за сопствената одбрана, водечки проекти или што можеме да направиме за да ѝ помогнеме на Украина заедно“, рече Калас и нагласи дека тоа не се однесува само на исходот од американските избори и новата администрација, но и за тоа што може ЕУ сама да направи.

Таа посочи и дека утре ќе се разговара за Блискиот Исток и нагласи дека е важно Сирија да се развива.

TRT Balkan / агенции
Популарни