Шефот на британската дипломатија, Дејвид Камерон, допатува во официјална посета на Косово, при што оствари средба со шефицата на косовската дипломатија, Доника Гервала-Шварц.
Гервала-Шварц го запозна британскиот колега со актуелните случувања во Косово, особено со безбедносните предизвици во текот на 2023 година.
Ние сме големи поддржувачи на независноста на Косово, неговиот суверенитет, правото на Косово да биде признато од другите како целосно суверена држава“, рече шефот на британската дипломатија
На прес-конференцијата по средбата Гервала рече дека на Балканот и на Европа, односно на Западот, им е потребна нова стратегија бидејќи старата бледнее.
„Обединетото Кралство за Косово е посебен стратегиски партнер како во нашите билатерални, така и во мултилатералните односи. Во тој контекст, му се заблагодарив на лордот Камерон за неговата континуирана поддршка во процесот на прием на Косово во Советот на Европа. Обединетото Кралство за Косово е многу важен партнер, важен во рамките на НАТО, каде што Косово се гледа себеси“, рече Гервала-Шварц.
Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Дејвид Камерон, изјави дека е во Приштина за поддршка, промоција и помош на Косово. Тој рече дека безбедноста, економијата, борбата против корупцијата, владеењето на правото и управувањето се области во кои Велика Британија му помага на Косово и дека ќе продолжи да го прави тоа.
„Ние сме големи поддржувачи на независноста на Косово, неговиот суверенитет, правото на Косово да биде признато од другите како целосно суверена држава“, рече шефот на британската дипломатија.
Камерон истакна дека безбедноста на Западен Балкан е многу важна за Велика Британија и дека тоа е област во која земјата вложува.
Во тој контекст потсети и дека првиот контингент од двесте британски војници се пристигнати во Косово на 6 октомври 2023 година за да го зајакнат КФОР, мировната мисија на силите на НАТО.
Камерон во Приштина ќе оствари средба и со косовската претседателка Вјоса Османи. Британскиот министер синоќа имаше работна вечера со косовскиот премиер Албин Курти и министрите во неговата Влада.