Тој потсети дека РС е ентитет во државата Босна и Херцеговина, а не федерална единица во рамките на Република Србија / Photo: AA

Деветти јануари не е ништо друго туку ден кој не може да се третира поинаку освен како годишнина од почетокот на неуспешниот обид за отцепување на дел од Босна и Херцеговина или припојување на цела Босна кон Република Србија, изјави претседавачот на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ.

„Сите парадирања на властите на ентитетот на Република Српска е само обид да се прикрие историскиот пораз на големосрпската политика во Босна и Херцеговина во нејзините основни цели“, рече Комшиќ.

Главната цел на таа политика беше, како што рече, задржување на Босна и Херцеговина како дел од Југославија, односно нејзино интегрирање во системот на „Голема“ Србија.

„Оваа неостварена цел беше прогласена од самите актери на големосрпската политика, токму на 9 јануари, кога таканареченото Собрание на српскиот народ ја прогласи Република на српскиот народ во Босна и Херцеговина на 9 јануари 1992 година во Сараево, а која според тој проглас е дел од Федеративна држава Југославија како нејзина федерална единица.Единствен начин дел од Босна и Херцеговина да остане дел од Федеративна држава Југославија како нејзина федерална единица беше застапниците на таа политика, соочени со правен пораз зашто прогласувањето на тоа нелегално собрание, за разлика од референдумот за независност на БиХ никој во светот не го признал, да употребат геноцидно насилство“, рече Комшиќ.

Тој додаде дека овој процес, кој имал „цел уништување на државата Босна и Херцеговина и на сите нејзини народи, започнал на 9 јануари, но на крајот не резултирал со тоа да делови од БиХ ѝ припаѓаат на друга држава, т.е. Србија“.

„Кога властите на ентитетот РС денеска ја одбележуваат годишнината од 9 јануари, истовремено го прикриваат фактот дека големосрпскиот режим на Милошевиќ и Караџиќ, дури и со помош на геноцид, не успеа да направи дел од Босна и Херцеговина да биде Србија. Зачестените повици на големосрпските политичари од двете страни на Дрина за наводно обединување на најдобар начин сведочат за неисполнувањето на политичките цели од 9 јануари и целите кои беа прокламирани преку прогласувањето на незаконското т.н. Собрание на српскиот народ на Босна и Херцеговина“, рече Комшиќ.

Тој потсети дека РС е ентитет во државата Босна и Херцеговина, а не федерална единица во рамките на Република Србија „како што беше замислено и како што беше извршен геноцидот врз Бошњаците и злосторствата против човештвото врз Хрватите во Босна и Херцеговина во неговото име."

„Актерите на големосрпската политика од двете страни на Дрина ја пропуштија можноста во периодот од 1992 до 1995 година, кога имаа апсолутна воена супериорност, да заземат дел од Босна и Херцеговина. Тие беа спречени од тоа, со големата жртвите на граѓаните на Босна и Херцеговина и хероизмот на припадниците на Армијата на Република Босна и Херцеговина, МУП на РБиХ.Иако продолжуваат да ги претставуваат целите од декларацијата од 9 јануари, според која дел од Босна и Херцеговина требаше да се припои кон Србија, никогаш нема да се реализираат. Милорад Додик ниту смее, ниту може, ниту има средства да жртвува дваесет и една илјада српски војници (колку загинаа за време на агресијата) за нов обид за отцепување. И токму толку му требаат, само за обидот“, изјави Комшиќ.

AA
Популарни