Конаковиќ во Белград: БиХ и Србија имаат големи потенцијали и шанси / Photo: AA

Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина Елмедин Конаковиќ во Белград оствари средби со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, со претседателот на таа земја Александар Вучиќ и со министерката за евроинтеграции Тања Мишчевиќ.

Состаноците се организирани во рамките на посетата на министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина на земјите од соседството.

„На средбите, домаќините и посакаа добредојде на делегацијата ѝ упатија честитки за брзото формирање на Советот на министри, како и за кандидатскиот статус што го доби Босна и Херцеговина“, соопшти Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина. Истакнато е дека добрите билатерални односи помеѓу Босна и Херцеговина и Република Србија се многу важни за двете држави, но и целокупниот регион.

„Потенцијалите и шансите што ги имаат Босна и Херцеговина и Србија се големи, а се покажа и заеднички интерес дека во наредниот период во фокусот ќе биде реализацијата на конкретни проекти“, се наведува во соопштението.

„Министерот Конаковиќ изрази уверување дека со добра волја и со работа на надлежните институции можеме да постигнеме конструктивен дијалог и да отвориме простор за подобрување на односите што ќе биде од корист за животот на граѓаните на двете земји и дека стабилноста, безбедноста а економскиот напредок е во интерес на двете земји.Тој рече дека е важно да се задржи институционалната соработка, односно соработката на ниво на државни институции, а согласно тоа е договорено во наредниот период да се овозможи одржување заедничка седница на Советот на министри на БиХ и на Владата на Република Србија“, се наведува во соопштението.

Во текот на денот Конаковиќ ќе се состане со првиот потпретседател на Владата и министерот за надворешни работи на Република Србија Ивица Дачиќ.

TRT Balkan / агенции
Популарни