Коригирана мапата на логото на Преспа форумот по реакцијата на Чавушоглу     Фото: АА

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ги предупреди одговорните и побара корекција на мапата во логото на Преспа форумот за дијалог во Охрид, бидејќи на истата не беше вклучена Туркије.

Чавушоглу, кој одржа различни состаноци на маргините на Форумот, реагираше бидејќи мапата во логото на отворањето на Форумот не ја вклучуваше неговата земја.

По предупредувањето на турскиот шеф на дипломатијата, претставниците на Форумот ја ажурираа мапата и ги направија потребните корекции. По ажурирањето, учесниците ги одржаа своите говори пред мапата која ја вклучуваше и Туркије.

Чавушоглу оствари билатерални средби со учесници на високо ниво, како што се хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг и црногорскиот вицепремиер и министер за капитални инвестиции Ервин Ибрахимовиќ.

AA
Популарни