Албин Курти: Остануваме посветени на европските вредности     Фото: АА / Photo: AA

Косовскиот премиер Албин Курти денеска во Прага ја поднесе апликацијата за членство на Косово во Европската Унија (ЕУ). Курти апликацијата ја поднесе во Чешка бидејќи оваа земја претседава со ЕУ.

Косовскиот премиер беше примен од чешкиот министер за надворешни работи Микулаш Бек.

Курти при поднесувањето изјави дека Косово ја потврдува непроменливата посветенот на европските вредности.

„Ова е историски ден за народот на Косово и исклучителен ден за демократијата на Косово. Писмото кое го донесов и надежите на нашите граѓани кои вредно работеа да дојде до денешниот ден говори за нашите напори да и се придружиме на ЕУ со која делиме заеднички идеали и на историските процеси на мир и просперитет”, рече Курти.

Вчера во Приштина Курти заедно со претседателката на Косово Вјоса Османи и претседателот на Парламентот на Косово Гаук Коњуфца, ја потпишаа апликација за членство на Косово во ЕУ.

TRT Balkan / агенции
Популарни