Косово и Србија се договорија за имплементација на договорот за нормализација на односите, рече високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност Џозеп Борел во изјава за медиумите по повеќечасовните разговори кои се водеа помеѓу косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ, а со посредство на Борел.
На состанкот присуствуваше и Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ за дијалогот на Белград и Приштина.
Состаноците во Охрид во својство на набњудувач ги следеше и специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави (САД) за Западен Балкан, Габриел Ескобар.
ЕУ и челниците на Косово и Србија преговараа за консолидираната верзија на мапата на патот за спроведување на еворпскиот план за нормализација на односите на Белград и Приштина, откако двете страни во изминатите денови дадоа коментар на документот договорен кон крајот на на минатиот месец во Брисел.
Борел: Договорот важен не само за Србија и Косово, туку за целиот регион
Шефот на дипломатијата на ЕУ рече дека постигнатиот догорор не е важен само за Србија и Косово, туку има влијание и врз целиот регион, поради што Брисел внимателно ќе ја следи неговата имплементација. „Како дел од овој анекс страните во потполност се посветија на сите членови на договорот и имлементација на сите нивни договори што е можно поскоро и со добра верба. Резутатот е постигнат по многу тешки и опсежни преговори“, рече Борел. Тој се осврна и на прашањето околу формирањето на Заедницата на општини со мнозинско српско население во Косово.
„За имплементација на членот 7 од договорот, Косово се согласи веднаш да покрене преговори под покровителство на ЕУ за да обезбеди соодветно ниво на самоуправа за Заедница на српски општини во Косово. Страните се договорија дека ќе ја поддржат Декларазцијата за исчезнати лица што е можно поскоро“, рече Борел.
Претставникот на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, изјави дека постигнатиот договор меѓу Косово и Србија ќе има влијание врз интеграциските процеси на двете земји, но и врз безбедноста и мирот на Западен Балкан и Европа.
Вучиќ: Постигнавме некаков договор, задоволен сум поради тоа
По трилатералната средба во Охрид, на медиумите им се обрати претседателот на Србија Александар Вучиќ.
„Денес требаше да договориме план на имплементација, некаков договор постигнавме, задоволен сум поради тоа, секако ова нема да биде се, но овие неколку точки што ги договоривме ќе станат дел од преговарачката рамка за двете страни. И за Белград и за Приштина, Еворпскиот совет, како што очекувавме, ќе донесе одлука тоа да стане дел од преговарачката рамка“, рече Вучиќ.
Српскиот претседател додаде дека „овој пат е долг, сериозен, кој не трае ден или пет дена и дека сѐ допрва почнува.“ „Европската унија ќе проценува колку кој направил од планот за имплементација кој ќе мора да биде проширен“, рече Вучиќ. Тој додаде дека за Србија е од голема важност тоа што како приоритетна обврска е ставено формирањето на Заедницата на српските општини.
„Морам да кажам дека сум задоволен. Уште се говори за исчезнатите лица. Планот на имплементација ќе мора да се надоградува“,рече Вучиќ и додаде дека доколку Србија сака да остане на Европскиот пат, нејзиниот напредок ќе биде оценет и преку тоа колку и што ќе направи.
Двете страни, додаде Вучиќ, ги истакнале своите црвени линии и дека во наредните месеци следува продолжување на разговорите. „Разговорот беше пристоен и конструктивен“, рече Вучиќ.
Курти: Постигнат е јавен договор
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека со Србија постигнале јавен договор за спроведување на анексот на договорот предложен од Европската унија. Сепак, тој рече дека Србија не го потпишала истиот.
Според него, сега останува на ЕУ да најде механизми за да ја принуди Србија да го потпише договорот.
„Што се однесува до анексот, тој наскоро ќе биде објавен и ќе разберете што е и како е“, рече тој и додаде дека што се однесува до Заедницата, тоа „не е самовладеење туку самоуправување.“ Според премиерот Курти, со согласувањето на 27 февруари во Брисел и со анексот за имплементација, „Србија де факто ја призналадржавата Косово.“
Договор за нормализација на односите помеѓу Косово и Србија
Договорот за нормализација на односите помеѓу Косово и Србија, кој по состанокот на 27 февруари во Брисел објавен на официјалниот сајт на ЕУ, се состои од 11 членови.
Со договорот, не се предвидува заемно признавање, но страните се обврзуваат заемно да ги признаат документите и националните симболи, вклучувајќи ги пасошите, дипломите, регистарските таблици и царинските печати.
Според текстот на предлогот со кој двете страни се согласија да ги почитуваат начелата на суверена еднаквост на државите, почитување на нивната независност, автономија и територијална целовитост.
Со предлогот е предвидено дека Србија нема да вложи приговор за членството на Косово во било која меѓународна организација, ниту дека страните ќе се блокираат, ниту дека ќе ги поттикнуваат другите да го блокираат напредокот на другата страна на патот кон ЕУ.