Во северниот дел на Косово, во текот на ноќта се поставени две нови барикади           Фото: АА

Полицијата на Косово соопшти дека во северниот дел на Косово, во текот на ноќта се поставени две нови барикади на територијата на Општината Северна Митровица.

Во соопштението на Полицијата на Косово се наведува дека криминални лица или групи продолжиле да поставуваат барикади, дополнително попречувајќи ја слободата на движење.

„Според официјалните информации, поставени се две барикади со тешки возила. Една од барикадите е поставена на раскрсницата кај Техничкото училиште, додека втората е поставена на местото познато како Душин крш“, се вели во соопштението.

Локалните Срби веќе две недели со тешка машинерија ги блокираат патиштата во северниот дел на Косово поради приведувањето на Дејан Пантиќ, поранешен припадник на Косовската полиција, осомничен за напад на службениците на Централната изборна комисија на Косово. Неколку дена подоцна, приведен е и Слаѓан Трајковиќ, уште еден поранешен припадник на Косовската полиција, кој е обвинет за терористички акти. На двајцата им е одреден притвор во траење од 30 дена.

Косовската полиција на 10 декември, кога се поставени барикадите на патиштата, ги блокираше за движење на луѓето и стоката двата гранични премини во северниот дел на Косово, Јариње и Брњак.

AA
Популарни