Сирена во Звечан се очекуваше смена на функционерите на ЦИК / Photo: AA (Archive)

Експлозии и сирени се слушнале попладнево на северот на Косово, точната локација сè уште не е позната, а нема информација за повредени лица.

Според медиумските наводи, ова е поврзано со обидите на службениците на Централната изборна комисија да пристигнат во канцелариите на ЦИК во северните општини во Косово.

Медиумите објавија и дека во Звечан се огласиле сирените, додека кај мостот Ибар има зголемено присуство на силите на ЕУЛЕКС.

Косовската полиција заедно со општинските изборни службеници на четирите општини на северот денеска отиде во општинските канцеларии. Ова беше соопштено на состанокот на Централната изборна комисија вчера, на кој беше соопштено дека се уште не добиле оперативен план од Полицијата на Косово.

Денешната акција на полицијата и членовите на општинската изборна комисија е изведена по налог на Централната изборна комисија за спроведување вонредни избори во четири општини на северот на Косово на 18 декември.

Претседателите на четири општини на северот на Косово одлучија на 5 ноември заедно со останатите Срби на северот да ги напуштат институциите на Косово, истакнувајќи дека се „незадоволни од одлуките на Владата во Приштина“.

TRT Balkan / агенции
Популарни