Отворениот дијалог со кој се решаваат отворените прашања е од огромна важност за регионалната стабилност, одржувањето на мирот и патот кон проспериетна иднина, не само за Србија и Косово, туку и за целиот регион.
Ова е пораката којашто денеска ја потенцираше премиерот на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски кој во Охрид одржа прес-конференција во својство на домаќин на состанокот на високо ниво од дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој го водат претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, под покровителство на Европската Унијa, а со поддршка на Соединетите Американски Држави (САД). Ковачевски информираше дека на негово барање утрово одржал одделни билатерални средби со претседателот Вучиќ и со премиерот Курти.
„Сакав лично да им укажам на важноста која како земја сосед на Србија и на Косово ја посветуваме на овој состанок и да им посакам успех во дијалогот бидејќи цвсто верувам дека е неопходен и единствен пат до решение во демократскиот свет во 21 век“, рече Ковачевски.
Според него, дијалогот е единствената алатка за консолидација на регионот и за европската интеграција на двете земји.
Тој потенцираше дека Република Северна Македонија не случајно е избрана како земја домаќин на овој дијалог.
„Северна Македонија денес е препознаена како почитуван партнер на меѓународната заедница и фактор на стабилност во регионот. Договорите кои ги потпишавме, Охридскиот, Преспанскиот, како и Договорот за добрососедство, се потврда за нашиот европски дух, за затворање на прашања со кои го трасираме патот за иден развој на земјата“, подвлече Ковачевски. Македонскиот премиер додаде дека земјите во регионот имаат раководства кои се однесуваат европски, а нивните земји заслужуваат европска перспектива. „Токму затоа сега е вистински момент да се забрза евроинтегративниот процес кој е важен за сите земји од Западен Балкан“, рече Ковачевски.
По состанокот одржан на 27 февруари во Брисел, високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Џозеп Борел изјави дека Косово и Србија постигнаа согласност околу Европскиот план, додека останува да се разговара за неговата имплементација.
Според официјалните најави, фокусот на денешниот состанокот на Вучиќ и Курти во Охрид со посредство на ЕУ ќе биде насочен кон финализација на Анексот за примена на планот на ЕУ за патот на нормализација на односите на Косово и Србија.
18 мар 2023
Ковачевски: Решавање на отворените прашања е од огромна важност за регионот
„Сакав лично да им укажам на важноста која како земја сосед на Србија и на Косово ја посветуваме на овој состанок и да им посакам успех во дијалогот бидејќи цвсто верувам дека е неопходен и единствен пат до решение“, рече Ковачевски.
TRT Balkan
Поврзани новости
Чавушголу во Белград: Балканот да ја преземе контролата над својата судбина
Потсетувајќи дека Балканот низ својата историја беше отворен за различни влијанија поради својата географска положба, турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу укажа на значењето на регионалната балканска политика.
Написи во тренд во оваа категорија
Албанија ја одбележува 14-годишнината од членството во НАТО
Процесот за членство на Албанија во НАТО помина низ неколку различни случувања што вклучуваат трансформација на вооружените сили, ангажман во мировни мисии, посветеност на албанските институции да ги поддржат безбедносните политики на Алијансата
Што друго би сакале да знаете?
Популарни
Ковачевски: Следи најтешката зима во повоената македонска држава
Премиерот на Северна Македонија истакна дека главната цел на владата е на сите граѓани, да им се обезбеди најниска можна цена на струјата, снабдување со топлинска енергија по сегашната цена, достапност 24 часа и задржување на евтината тарифа.