Откако беше избран за трет мандат минатата година, Кси ги посети Русија, Индонезија, Виетнам и САД

Кинескиот претседател Кс Џинпинг следниот месец ќе ги посети Франција, Унгарија и Србија, соопшти Министерството за надворешни работи на Кина.

Портпаролката на Министерството, Хуа Чунјинг, во соопштението рече дека државната посета ќе трае од 5 до 10 мај.

Првата странска посета на кинескиот претседател оваа година доаѓа по одделни покани на францускиот претседател Емануел Макрон, унгарскиот премиер Виктор Орбан и претседателот Тамаш Суљок и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Откако беше избран за трет мандат минатата година, Кси ги посети Русија, Индонезија, Виетнам и САД.

TRT Balkan / агенции
Популарни