Косовскиот премиер Албин Курти рече дека го поддржуваат интересот на Германија и Франција да помогнат во процесот на дијалогот за договор посветен на меѓународно признавање.
„Косово ја разбира важноста на европските интеграции, во чие средиште за Западниот Балкан и воопшто, а за нас посебно се наоѓаат Германија и Франција. Поради тоа го поддржуваме фактот што две така важни европски држави, кои ја признаа нашата Република од почетокот, ќе помогнат со посредување на Брисел во правно обврзувачки договор насочен на меѓусебно признавање“, рече косовскиот премиер Албин Курти.
Шефот на владата говореше и за потполно почитување на договорот за документите помеѓу Косово и Србија.
Тој рече дека на граничните премини помеѓу Косово и Србија важи реципроцитет, но слободата на движењето мора да биде потполна слобода на движење, што подразбира признавање на косовските документи дури и на границите на Србија со другите земји.
Косовскиот премиер рече дека за тоа на посредникот за дијалогот му се обратил и заменик премиерот Бислими.
„На граничните премини важи реципроцитетот на Косово и Србија. Инсистиравме на слобода на движење и тоа би значело полна слобода на движење, бидејќи ускратена слобода не е слобода. За тоа на посредниците им се обрати потпретседателот на Владата“, изјави Курти.
Премиерот Курти овие коментари ги даде по церемонијата на одбележување на 23 годишнина на Косовската полиција.
Германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон соопштија во сабота дека ги ангажирале своите советници да поддржат дијалог за нормализација на односите помеѓу Косово и Србија.