Косовскиот премиер Албин Курти соопшти дека специјалниот посредник на Европската унија во дијалгоот Косово-Србија, Мирослав Лајчак, побара ЕУ да ја повика Србија на одговорност за упорните кршења од постигнатите договори.
Курти на социјалната мрежа Твитер, по состанокот со Лајчак, ја нагласи потребата Основниот договор да се примени во целина.
„Ја нагласив потребата Основниот договор да се примени во целина, како и на потребата ЕУ да ја повика Србија на одговорност за упорните кршења на тој договор“, рече Курти.
По вчерашниот состанок со Курти, Лајчак изјави дека е разговарано за понатамошни чекори во процесот на нормализација на односите на двете страни. Најави дека попладне ќе го посети северот на Косово, додека утре ќе престојува во Белград.
Лајчак исто така рче дека во понеделник во Брисел ќе се состане со главните преговарачи Бесник Беслими и Петар Петковиќ.
Одговарајќи на новинарски прашања во врска со ситуацијата на северот на Косово, Лајчак нагласи дека „можеме да имаме нормализација или судири и ние дефинитивно сме фокусирани на полна нормализација за да се избегне било каква ескалација или судири што никому не му се во интерес“.