Курти: Не се работи за мирни протести, туку за група екстремисти / Photo: AA Archive

Премиерот на Косово Албин Курти се состана со амбасадорите на земјите од Квинтата и шефот на Канцеларијата на Европската унија во Косово, со кои разговараше за случувањата на северот во Косово, по насилната акција на екстремистичките демонстранти против косовската полиција, КФОР и припадниците на медиумите.

Како што е соопштено од Владата, Курти оцени дека, иако вчера имало и мирни демонстранти, не се работи за мирни протести, туку за група екстремисти во режија на официјален Белград.

„Српските националистички, шовинистички и прокремлинските графити со маскираните екстремисти кои имаат за цел, да вандализираат и напаѓаат било што несрпско, се главен показател на мотивите на насилните акции, кои сите би требало најостро да ги осудат“, рече Курти.

Информирајќи ги за ситуацијата на северот и вчерашните случувања таму, косовскиот премиер ја истакна важноста и потребата за деескалација на ситуацијата, и изрази спремност со државите на Квинтата да работи на таа цел.

Се договорија дека ќе останат во блиска комуникација во наредните неколку часови и денови.

TRT Balkan / агенции
Популарни