Косовскиот премиер Албин Курти / Photo: AA

Косовскиот премиер Албин Курти денеска во Братислава, Словачка се сретна со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Јосеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак.

Курти на социјалната мрeжа Твитер денес објави дека во текот на еднодневната посета на Братислава, на маргините на ГЛОБСЕК, разговарал со Борел и Лајчак.

Повторно изјавив дека нападите на српските милитанти врз полицијата, КФОР и новинарите се неприфатливи. Патот напред е вкоренет во демократијата, владеењето на правото и целосното и брзо спроведување на Основиот договор, напиша Курти.

ТРТ Балкан/агенции

TRT Balkan / агенции
Популарни