Косовскиот премиер Албин Курти денеска во Берлин изјави дека неговата влада одлучила еднострано да го укине визниот режим за граѓаните на Босна и Херцеговина.
Курти ова го потврди при обраќањето на состанокот на 10-годишнината од Берлинскиот процес. Како што рече, во текот на оваа деценија е постигнат значителен напредок во Берлинскиот процес, но смета дека се потребни повеќе активности.
„Парадоксот се појави во јануари годинава, кога граѓаните на Косово можат да патуваат без виза во Европската унија, но се уште немаат слобода на движење во Босна и Херцеговина. Додека ентитетот Република Српска одбива да го ратификува договорот за слободно движење со лични карти, кој мојата земја прва во регионот го ратификуваше во парламентот, решив да го прекинам чекањето. Од 1 јануари следната година, Република Косово еднострано ќе дозволи слободно движење на граѓаните на Босна и Херцеговина со лични карти“, рече Курти.