Специјалниот претставник на Европската унија за дијалог на Косово и Србија Мирослав Лајчак, говорејќи за односите помеѓу Косово и Србија и последните тензии на северот на Косово, истакна дека сега е важно да не се дозволи ситуацијата повторно да дојде во нова криза.
„Во моментов имаме многу добра поставеност: го имаме вниманието на водечките лидери на САД и на Европската унија и имаме исклучително добра соработка меѓу Америка и ЕУ, така што ова е идеална можност да се реши ситуацијата, некаде до декември 2023 или почеток на 2024 година“, рече Лајчак за „Политико“.
Изборите за Европскиот парламент и американските претседателски избори, како пренесува Политико, се предвидени за 2024 година, а доколку, како што вели Лајчак, „до тогаш не се средат работите, ќе мораме се од почеток“.
„Ако се вратиме во криза и судири, тогаш можеме да заборавиме на роковите“, предупреди Лајчак.
Тој смета дека во случај да се пропушти можноса, спорот би можел да се развлече со децении.
„Се надевам дека за недела дена нема да се соочиме со уште една криза - или можеме да заборавиме на нормализацијата“, истакна Лајчак.