Специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак се очекува денеска да го допатува во Приштина, во нов обид за обновување на дијалогот меѓу Косово и Србија.
Како што изјави Лајчак минатата недела, цел на неговата денешна посета е да подготви средба на ниво на главните преговарачи на двете земји во рамките на дијалогот што се одвива со посредство на ЕУ.
Овој пат, според најавите, по Приштина Лајчак нема да го посети Белград.
Минатата недела, додека учествуваше на безбедносниот форум Глобсек во Прага, европскиот емисар се сретна со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Во меѓувреме, портпаролот на ЕУ, Петер Стано, ги повтори повиците до косовските власти да се воздржат од еднострани и некоординирани чекори, кои според Унијата би можеле да ги зголемат тензиите на северот на земјата, населен со мнозинско српско население.
„Ние се ангажираме со нашите партнери во Косово, им испраќаме пораки и се надеваме дека конечно ќе можеме да ги решиме овие прашања таму каде што им е местото, во рамките на дијалогот што го олеснува Европската Унија“ – изјави вчера Стано.
6 сеп 2024
Лајчак денеска во Косово: Обид за обновување на дијалогот Приштина-Белград
Како што изјави Лајчак минатата недела, цел на неговата денешна посета е да подготви средба на ниво на главните преговарачи на двете земји во рамките на дијалогот што се одвива со посредство на ЕУ.
TRT Balkan / агенции
Поврзани новости
Ковачевски од Брисел: Процесот на уставните измени е неминовен
Ако сите политички актери во нашата држава имаа позиција како што има владејачката коалиција, денеска ќе беше друга ситуација овде и ќе разговаравме за отворање на поглавјата и кластери, изјави Ковачевски пред почетокот на Самитот ЕУ-Западен Балкан
Написи во тренд во оваа категорија
ЕБОР ја потврди прогнозата за економски раст на Србија од 4 % за 2025/26 г.
Банката наведува дека значајните капитални инвестиции поврзани со Експо 2027 може да го поттикнат економскиот раст, но предупредува на глобалните геополитички тензии, што може негативно да влијаат на извозот и приливот на директни странски инвестиции
Хрватската економија лани забележала раст од 3,8 отсто
Ако го погледнеме кумулативниот економски раст од почетокот на 2021 година, Хрватска има втор најголем реален раст во ЕУ, над 25 %, веднаш зад економијата на Малта, која во истиот период порасна за повеќе од 35 %, изјави хрватскиот премиер Пленковиќ
Фидан: Туркије целосно го поддржува територијалниот интегритет на БиХ
Проблемите треба да се решаваат со дијалог, а фактот што албанскиот пешадиски вод ќе служи во рамките на турската единица во БиХ е конкретен пример за турско-албанската соработка, рече Фидан по средбата со албанскиот колега Хасани
Што друго би сакале да знаете?
Популарни