„Уверен сум дека може да се постигне договор, но тоа ќе бара флексибилност и компромиси од двете страни“, напиша Лајчак на Фејсбук./ Photo: AA

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, синоќа изрази уверување дека може да се постигне привремено одржливо решение за прашањето за употребата на динарот на Косово, со „флексибилност и компромис за двете страни“.

„Подоцна оваа недела ќе бидам домаќин на главните преговарачи на Косово и Србија на разговори со цел да се најде одржливо привремено решение за оние кои се погодени од регулативата за готовинските трансакции на Централната банка на Косово. Уверен сум дека може да се постигне договор, но тоа ќе бара флексибилност и компромиси од двете страни“, напиша Лајчак на Фејсбук.

Тој најави дека ќе ја посети Финска, по „напорната недела во САД“, каде, како што наведе, имал важни, корисни и детални разговори со претставници на Стејт департментот, Советот за национална безбедност и ОН.

TRT Balkan / агенции
Популарни