На состанок ќе се разговара, пред се, за Европскиот план за раст / Photo: AA

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска во Брисел организираше работен ручек за лидерите од Западен Балкан.

„Денеска ги примив лидерите на шест партнери од Западен Балкан. Сите шест земји припаѓаат на Европа. Тоа е она на што работиме. Во исто време, ги доближуваме нивните економии и пазари до нашиот план за раст од шест милијарди евра за регионот“, изјави претседателката на ЕК на социјалната мрежа Х.

На состанокот присуствуваат претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Борјана Кришто, претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерите на Албанија, Северна Македонија и Црна Гора- Еди Рама, Христијан Мицкоски и Милојко Спајиќ, како и премиерот на Косово Албин Курти.

Вучиќ на социјалните мрежи објави дека ова е важен состанок на кој ќе разговара, пред се, за Европскиот план за раст на Западен Балкан, спроведувањето на поединечните реформски агенди, плановите на новата Комисија кога е во прашање процесот на проширување, како и како целокупната состојба во регионот.

„Нашата земја останува посветена на својот европски пат и внатрешните реформи со цел влез во ЕУ, но на прво место ни е важен подобриот живот на нашите граѓани, економскиот раст и развојот на земјата. Затоа ќе продолжиме да инсистираме на конкретни чекори кон ЕУ, како што се пристап до единствениот европски пазар и платен систем, воведување зелени коридори, натамошно привлекување на директни инвестиции, како и промена на севкупното економско и политичко атмосфера во регионот, бидејќи за секој напредок ни треба мир, стабилност и соработка“, изјави Вучиќ.

AA
Популарни