Лидерите од регионот пристигнаа на инаугурацијата на претседател Ердоган / Photo: AA

Во Анкара денес се одржува церемонија за полагање заклетва на новоизбраниот претседател на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, а на свеченоста во Анкара, главниот град на Туркије, присуствуваат бројни официјални лица од регионот.

На церемонијата ќе присуствува и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, претседавачката со Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, членови на Претседателството на БиХ, претседателот на Партијата на демократска акција (СДА), Бакир Изетбеговиќ, претседателот на ентитетот РС, Милорад Додик, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, претседателката на Косово, Вјоса Османи.

На церемонијата ќе присуствуваат лидери од над 40 земји.

Ердоган ќе ја положи заклетвата во Големото народно собрание на Туркије во 14:00 часот по локално време (13:00 по средноевропско време), со што официјално повторно ќе ја започне својата должност.

По церемонијата на полагање заклетва, Ердоган ќе го посети Аниткабир, мавзолејот на Ататурк, а потоа ќе присуствува на церемонијата на инаугурација во Претседателската палата во Анкара.

Ердоган е победник на претседателските избори на Туркије во вториот круг, освојувајќи 52,18 % од гласовите, додека опозицискиот кандидат Кемал Киличдароглу освои 47,82 % од гласовите, покажаа конечните резултати што ги објави Врховната изборна комисија на Туркије.

TRT Balkan / агенции
Популарни