Францускиот претседател Емануел Макрон го отфрли барањето на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис да ја блокира продажбата на ракетите Метеор на Туркије, објавија во вторникот грчките медиуми.
За време на нивниот состанок на Самитот за вештачка интелигенција во Париз, Макрон посочи дека нема да биде возможно запирање на продажбата на ракетите воздух-воздух Метеор на Туркије.
Тој нагласил дека ракетниот договор се протега надвор од француската јурисдикција, бидејќи оружјето е произведено од европскиот конзорциум МБДА во кој членуваат Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Шпанија и Шведска.
Атина наводно има намера да им пристапи на другите земји-членки на конзорциумот во обид да ја спречи продажбата на проектили на Анкара.
Во своите напори да ја зајакне својата противвоздушна одбрана, Тукије е ангажирана во преговори за купување до 40 авиони ЕФ-2000 Еурофајтер за да ги зајакне своите воздушни сили во услови на растечки регионални закани.
Ракетите Метеор наводно се вклучени во предложениот пакет за Еурофајтер.
Грција, која неодамна ги засили сопствените воени набавки преку програми, вклучително и модернизација на флотата Ф-16 и купување на авиони Рафал од француско производство опремени со ракети Метеор, силно се противи на продажбата.
Грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас на 29 јануари, го повика францускиот амбасадор и военото аташе во Атина за да го изрази цврстото противење на земјата на договорот.
Потоа, на 4 февруари, Мицотакис побара појаснување од Макрон во врска со ракетните преговори за време на нивната средба на маргините на самитот на ЕУ во Брисел.
Турски извори објавија дека претседателот Реџеп Таип Ердоган и Макрон разговарале за билатералните односи и соработка, меѓу другите теми, за време на телефонскиот разговор минатиот петок.