Макрон во Тирана: Војната во Украина е безбедносно прашање за целиот регион / Photo: AA

Францускиот претседател Емануел Макрон во контекст на Самитот Европската Унија - Западен Балкан изјави дека војната во Украина е безбедносно прашање за целиот регион.

По приемот кај премиерот на Албанија Еди Рама, Макрон пред медиумите зборуваше за Самитот, војната во Украина, соработката меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан.

„Денеска сум многу среќен што сум во Албанија. Сакам да му се заблагодарам на премиерот Еди Рама за овој самит меѓу ЕУ и Западен Балкан, во многу важен момент за нас“, рече Макрон.

Францускиот претседател посочи дека војната во Украина е безбедносно прашање за целиот регион, додавајќи дека постојат конкретни проекти за кои ќе разговара.

„Важна е солидарноста помеѓу ЕУ и Западен Балкан за енергтиката, но и за процесот на интеграциите на овој дел во ЕУ. Важно е да се работи на таа солидарност“, рече тој.

Во главниот град на Албанија, Тирана се одржува Самитот на лидерите на Европската унија (ЕУ) и земјите од Западен Балкан, а станува збор за прва средба на врвот што се одржува во една од земјите од споменатиот регион.

Главни теми на самитот се справување со последиците од војната во Украина, интензивирање на политичкиот ангажман, зајакнување на безбедноста и градење отпор кон надворешно мешање, како и справување со предизвиците што ги носи миграцијата, борбата против тероризмот и организираниот криминал.

По пленарните седници, предвидена е заедничка прес-конференција, на која ќе се обратат претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен и албанскиот премиер Еди Рама.

TRT Balkan / агенции
Популарни