Полицијата ги истражува мотивите за убиството / Photo: MUP HRVATSKA

Пензионираниот воен полицаец Крешимир Пахоки (51) денеска уби шест лица во домот за стари и изнемоштени лица во Дарувар, а рани уште неколку.

Пет лица загинаа на лице место, а едно лице почина од повредите во болница.

Една од жртвите е неговата мајка, која десет години била штитеничка на Домот.

Напаѓачот по масакрот заминал во кафуле во близина на Домот, каде вооружен ја пречекал полицијата и се предал.

Полицијата ги истражува мотивите за нападот.

Неофицијално се дознава дека Крешимир најпрвин дошол во кафе барот „Дарувар“ каде си нарачал пијачка и ги почестил гостите кои во тој момент биле во кафулето.

Велат дека бил сосема мирен и рекол: „Одам да направам нешто“.

Крешимир потоа дошол во домот, влегол внатре и почнал да пука. Ја убил мајка си, уште тројца штитеници и негувател, а повредил неколку лица.

Од полицијата велат дека осомничениот убиец три пати бил кривично пријавуван, двапати за нарушување на јавниот ред и мир и еднаш за семејно насилство.

Последен пат полицијата дејствувала пред еден месец. Тогаш под дејство на алкохол му ставил пиштол во уста на познаник и го фрлил низ скали.

TRT Balkan / агенции
Популарни