Претседателката, повикувајќи се на уставните рокови и фактите изрази уверување дека Мицкоски може да формира влада и затоа му го доверува мандатот / Photo: ВМРО-ДПМНЕ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска му го додели мандатот за формирање Влада на претседателот на ВМРО - ДПМНЕ Христијан Мицкоски, чија партија на парламентарните избори што се одржаа на 8 мај освои 58 мандати.

Сиљановска Давкова, повикувајќи се на уставните рокови и фактот дека претседателот на Собранието Африм Гаши беше избран со 76 гласови, изрази уверување дека Мицкоски може да формира влада и затоа му го доверува мандатот.

Од денеска тече дваесетдневниот рок за формирање на нова Влада. Мандатарот Мицкоски вчера изјави дека очекува новата влада да биде формирана пред крајниот рок, а по одбележувањето на годишнината на партијата на 17 јуни.

Се очекува по средбата со Сиљановска Давкова, мандатарот да даде изјава за медиумите. ВМРО- ДПМНЕ за формирање нова Влада водеше разговори со коалицијата Вреди и ЗНАМ. Поделбата на ресорите е веќе позната, а имињата се уште не се соопштуваат официјално.

TRT Balkan / агенции
Популарни