Претседателот Румен Радев претходно денеска издаде указ за официјално именување на кабинетот и закажување избори за 9 јуни и за европскиот и за националниот парламент / Photo: Reuters

Бугарија денеска доби преодна Bлада на чело со премиерот Димитар Главчев, а на 9 јуни се закажани вонредни парламентарни избори.

Народното собрание на вонредната седница ја инаугурираше 10. преодна Влада во историјата на државата, а шеста во последните четири години.

Тоа е и првата Влада која по неодамнешните уставни измени положи заклетва пред парламентот, а не пред претседателот.

Бугарскиот претседател Румен Радев претходно денеска издаде указ за официјално именување на кабинетот и закажување единствени избори за 9 јуни и за европскиот и за националниот парламент.

На крајот на март претставниците на партијата „Има таков народ“ (ИТН) на бугарскиот претседател му го вратија третиот и последен мандат за состав на влада, кој тој им го врачи, со што се отвори патот за закажување вонредни парламентарни избори.

На изборите во април минатата година ГЕРБ освои 69 пратенички мандати, додека коалицијата предводена од партијата „Континуирани промени“ освои 64 од вкупно 240 места во бугарскиот парламент, а нивните обиди за формирање влада претходно беа неуспешни.

Првиот мандат Радев и го довери на коалицијата ГЕРБ-СДС, но таа не формираше влада - мандатарката Марија Габријел се откажа и го врати мандатот.

Вториот мандат за состав на влада му беше доверен на Николај Денков, кандидатот за премиер кој беше предложен од вториот најмоќен кандидат - „Продолжување на промените - Демократска Бугарија“ („Н.П. -ДБ“), новеднаш го врати мандатот.

TRT Balkan / агенции
Популарни