По повод Денот на независноста, Владата организираше свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“ / Photo: Влада на РСМ

По повод 8 Септември, Денот на независноста, Владата на Република Северна Макеоднија организираше свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“.

Свечената академија се одржа во Македонската филхармонија во Скопје. Прославата започна со интонирање на македонската химна од страна на детски хор.

На свечената програма се обрати Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

„Денеска сме исправени пред нова борба, еднакво значајна како создавањето на татковината. Тогаш владееше ентузијазам и голема енергија и одобрување на референдумот. Триесет и три години подоцна, многу работи се изменети, а сите ние повеќе искусни. Многу порази, многу неупсеси, потфрлања во системот”, рече Мицковски.

Претседателот на владата во својот говор пред преполната сала истакна:

„Мораме да имаме општа согласност за исполнување на стратешката цел, а тоа е членство во ЕУ. Немаме друга алтернатива, ниту постои друга реална шанса. Желбата на народот за членство во Унијата е желба за подобар стандард, повисоки критериуми, повеќе пари и среден систем. Ние како Влада и општество не смееме да отстапиме од европскиот пат.“

Во рамките на програмата беше прикажан видео спотот „Везилка“, кој вклучува оригинална изведба на песната од Блаже Конески.

Програмата продолжи со изведби на дела од македонски автори поврзани со оваа тематика од страна на државниот џез оркестар.

Во рамките на свеченоста беше прикажан и специјално подготвениот видео спот за независноста на Република Северна Македонија во кој се вклучени и архивски материјали од Референдумот во 1991 година.

Гаши организираше прием по повод 8 Септември

По повод „8 сепртември“, во петокот на 6 септември прием во Парламентот организираше претседателот на Парламентот на Република Северна Македонија, Африм Гаши. Во својот говор Гаши истакна:

„Свесен за важноста на независната држава, морам да кажам дека не постои поважен момент во историјата на една земја од нејзината самостојност. Затоа секогаш кога доаѓа 8 Септември се враќа емоцијата на задоволство и гордост што роденденот на оваа земја го одбележуваме во мир, во соживот меѓу различните народи кои живеат во оваа земја, во добрососедски односи и во сигурни патишта кон подобра развојна и евроатланстска перспектива.“

Доделени државните награди „8 Септември“ на полето на спортот

По повод Денот на независноста на Република Северна Македонија, на 7 септември беа доделени државните награди „8 Септември“ на пет спортисти за нивниот исклучителен придонес и промоција на Република Северна Македонија во областа на спортот.

AA
Популарни