Мицкоски не очекува поскапување на струјата од 1 јануари

Мицкоски не очекува поскапување на струјата од 1 јануари

„Сепак, секогаш РКЕ е таа што го има последниот збор“, истакна премиерот Мицкоски.
Мицкоски не очекува поскапување на струјата од 1 јануари

Премиерот Христијан Мицкоски не очекува поскапување на струјата од 1 јануари. Како што рече тој во вчерашната изјава за новинарите, сепак, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), како независно тело, го има последниот збор.

Оваа Влада, истакна Мицкоски, не е феудална, туку според Уставот е должна да се грижи за социјалниот мир.

„Нема да бидам измамник како што беше минатата влада, да кажувам дека Владата ги субвенционира сметките на граѓаните. Тоа не го прави. Ние сме Влада која според Уставот е должна да се грижи за социјалниот мир. Ние не сме феудална Влада, туку Влада која треба да се грижи за стандардот на граѓаните и затоа нема да ги лажам граѓаните дека и покрај тоа што на берзите цената на струјата е 100, 200, 300 евра за мегават час, а тука граѓаните ја плаќаат помалку од 60 евра, дека ние субвенционираме“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека Владтара работи заедно со граѓаните затоа што, како што рече, се грижи за социјалниот карактер на државата и од тие причини не очекува дека ќе има поскапување на струјата.

„Сепак, секогаш РКЕ е таа што го има последниот збор“, истакна Мицкоски.

TRT Balkan / агенции
Популарни