Грчкиот регион Тесалија по втор пат за еден месец е зафатен со поплави.
На подрачјето на Тесалија поплавени се куќи, деловни објекти, земјоделско земјиште и патишта, особено во Волос, Пили, Лариса и Фарсала.
Многу патишта се затворени за сообраќај поради свлечишта. Поради обилните врнежи од дожд голем дел од Волос е без струја.
Повторно е поплавена и болницата во Волос, а за граѓаните е издадено предупредување да не излегуваат од домовите.
Најмалку 17 лица загинаа во катастрофалните поплави што на почетокот на месецот го зафатија регионот на Тесалија.
Тогаш беа поплавени повеќе од 750.000 хектари земјиште, а тешко беа оштетени населените места, земјоделските површини и инфраструктурата во регионот.
AA